Млади луѓе на возраст од 20 до 30 години се четиринаесетмината мигранти кои загинаа од удар на воз во синоќешната несреќа.Трагедијата се случи синоќа околу 22,30 минути помеѓу железничките станици Рајко Жинзифов и Пчиња.
Во оваа клисура згаснаа животите на 14-те мигранти кои од Авганистан и Сомалија. Тргнале на запад кон подобар живот. Уморни и исцрпени од долгото патешествие, биле немоќни да избегаат пред налетот на брзиот воз. Овие снимки говорат за трагедијата.
Доцна во ноќта – во Велес беа донесени телата на загинатите мигранти. Живот им згасна на пругата Велес – Скопје. Во нив удрил патничкиот воз кој сообраќал од Солун за Белград. Групата мигранти била на пругата кон Скопје, во дел каде што е исклучително тесно.
Групата броела повеќе од 100 луѓе и била упатена кон северната граница . Во моментот на несреќата поголемиот дел од нив седеле на шините.
Од групата која синоќа била на местото на несреќата, полицијата фатила осуммина Авганистанци и истите се пренесени во полициска станица. Останатите успеале да побегнат.
Видео – Канал 5