Траги од крв, изгорени куќи, дупки од куршуми – кумановско „Диво насеље“ по престрелките (Фото)


Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население започна со враќање во своите домови, но само во оние делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се запалени основните училишта како што вчера се ширеа шпекулации, ниту пак се познава дека нешто се одвивало таму во последните 48 часа, пренесува порталот kumanovskimuabeti.mk

Но, веќе во делот на улицата Тоде Мендол каде се наоѓа исламската џамија, нема електрична енергија, но 20 до 30 куќи во страничните мали улички се целосно уништени од борбените дејствија на полицијата и вооружените групи.

Куќiте мирисаат на гареж, наместа се гледаат траги од свежа човечка крв, а некои куќи се целосно запалени како и возила кои биле паркирани за време на дејствата.

Целата фото галерија на – kumanovskimuabeti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1