Еден од полицајците е убиен на подмолен начин


Шестмина од полицајците кои учествувале во акцијата биле ранети на исклучително подмолен начин, изјави синоќа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според информациите еден од загинатите полицајци бил буквално држен на нишан од терористите во моментот кога нивните соборци наводно сакале да се предадат. Првиот полицаец што пристапил да ги апси бил погоден од смртоносен куршум. MK POVREDEN

– Откако добиле знаци дека дел од групата се предава, полицајците тргнале да им пристапат за апсење и за чистење на теренот. Но, во тие моменти, остатокот од терористите кои се криеле зад групата што се предавала отвориле оган кон полицајците. Тоа покажува колку безмилосни и одлучни во своите намери се овие радикални структури, коментира Јанкулоска.

Според информациите уште еден од загинатите полицајци смртно настрадал од куршумите на терористите а неговото тело го нашле неговите колеги дури вчера утрината.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1