Голем број Албанци од Куманово заминале на Косово но и во Србија


Голем број Албанци од Куманово преминале во неделата на територијата на Косово, каде што, како што објави вечерта ТВ Кохависион се сместиле во страв од оружените дејства во македонскиот град, додека локалните власти на Прешево во јужна Србија соопштија дека од саботата во општината пристигнале 700 Албанци од Македонија, пренесува Макфакс.

Анкетираните македонски Албанци од Куманово за приштинската телевизија Кохависион изјавиле дека децата се многу исплашени од „буката на авионите и големото присуство на вооружените македонски сили“.Screenshot_175

Градоначалникот на општината Елези Хан (поранешен Генерал Јанковиќ), Руфки сума изјави дека поголем број луѓе кои пристигнуваат од Куманово во општината се згрижени и им се обезбедува сместување преку службата за итни случаи и во соработка со Црвениот крст на Косово.

Семејствата коишто побегнале од Куманово главно се сместени во општините Елези Хан, Витина, Гњилане и во Приштина, се наведува во прилогот на телевизијата.

Рагми Мустафа, претседателот на општината Прешево во јужна Србија, населена со мнозинско албанско население, во неделата изјави дека од почетокот на судирот во кумановско, во Прешево пристигнале околу 700 Албанци од Македонија.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1