Мртво тело вечерва е пронајдено во семејна куќа во Радовиш, дознава Сител. Во моментов полицијата во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на настанот.
Станува збор за насилна смрт односно убиство, но нема повеќе детали за случајот.
Неофицијално, убиството е последница на љубовна драма со тагичен крај.
Повеќе информации се најавени за утре.