Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на Северна Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа.

Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека „Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“.

Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1