На Твитер објава Доналд Трамп ја предупреди Русија да се „подготви” откако Москва вети дека ќе пука кон секој проектил упатен кон Сирија.
Твитот се чини дека е неофицијално објавување на одлуките за кои Трамп рече дека Вашингтон наскоро ќе ги донесе во врска со наводниот хемиски напад во Сирија.
Денеска претставникот на Москва во Либан предупреди дека руската војска го задржува правото да ги собори ракетите и да ги уништи локациите на лансирање во случај на агресија на САД против Сирија