Трамп напиша 45 твитови за време на дебатата, последните со ГОЛЕМИ БУКВИ


Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече одлуката на Претставничкиот дом на Конгресот, кој изгласа негов импичмент, „самоубиствен марш“ за демократската партија, во говорот што траеше два часа на митинг во Мичиген.

„Лудите демократи на Ненси Пелоси се обележаа со вечен жиг на срамот“, рече Трамп на собирот во Мичиген, каде застана на сцената само неколку минути пред да стане третиот претседател во 243-годишната историја на САД кој ќе соочи со судење во Сенатот и потенцијално разрешување.

Трамп на „Твитер“ вчера напиша 45 објави во текот на утрото пред да се одржи гласањето за негово отповикување.

Иако Белата куќа инсистираше на тоа дека претседателот ќе биде презафатен за да се фокусира на она што се случува на Конгресот, Трамп го мина целото попладне коментирајќи го процесот за импичмент преку твитови и ретвитови.

„Може ли да поверувате дека денес сум на тапет кај радикалната левица, демократите кои не работат ништо, а јас немам направено ништо лошо“, напиша Трамп во еден од твитовите, барајќи од неговите поддржувачи да се помолат.

Како членовите на Претставничкиот дом навлегуваа подлабоко во дебатата за импичмент, интензитетот на реакции на Трамп се зголемуваше, па тој почна да пишува со големи букви.

Долниот дом на Конгресот, каде демократите се мнозинство, изгласа импичмент за Трамп по партиска линија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1