Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на која почна со објавување на доказните материјали против власта, тврди дека премиерот Никола Груевски и шефот на ДБК Сашо Мијалков, незаконски прислушувале 20 илјади граѓани, политичари од своите редови, како и коалициони партнери помеѓу кои и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
NovaTV пренесува транскрипт од разговорот на Али Ахмети, за кој Заев тврди дека бил прислушкуван под дирекна наредба на Груевски и Мијалков.