Траума и длабоки лузни кај децата, жртви на нападот од куче во Аеродром (Фото)


Синоќа во времето од 22,00 до 02,00 часот во ПС- Аеродром, пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и .„АСНОМ“. Се работи за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години, кои се каснати од куче.

Од страна на ПС-Аеродром била известена шинтерската служба на град Скопје.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од повредените деца. Еве една од нив и сведочењето на таткото на повреденото девојче во Аеродром.

Според здружението за заштита на животни „Анима мунди“ расно куче кое имало сопственик и кое било пуштено слободно да шета, нападнало и гризнало повеќе луѓе во населба Аеродром. Здружението тврди дека во тој дел од Аеродром живеат бездомни кучиња кои се стерилизирани – вакцинирани – обележани и за кои локалните жители и нивните активисти се грижат, и се миленици на тамошните деца.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1