Македонските ракометари ја извојуваа третата победа по ред на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Катар. Потешко од очекувањата, македонските ракометари ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со резултат 25:22.
Иако отворивме добро, Босанците брзо се вратија и мечот беше неизвесен до самиот крај. Најдобар поединец беше Манасков кој беше прогласен и за најдобар играч на мечот.
Кире Лазаров имаше лош ден. Постигна 3 гола, сите од линијата за 7 метри.
Со оваа победа Македонија и практично е во осминафиналето
Следниот натпревар на Македонија е во среда со почеток во 17:00 часот против Хрватска.