Хорор: Воз усмрти познат актер додека снимал реклама (ФОТО)


Актерот и манекен кој е познат по својата работа за престижната куќа Келвин Клајн – Грег Плит загина за време на снимање реклама за една фитнес компанија. Имено, Плит снимал реклама за протеински шејк на една железничка станица, кога на него налетал воз и го усмртил на лице место.Greg-Plitt-main500

Овој манекен имал 37 години, а бил добро познат, со оглед на тоа што глумел со Мет Дејмон во филмот „Тhe Good Shepard“, но и во четвртиот дел на Терминатор.

Сведок кој бил на лице место рекол дека манекенот бил тешко забележлив бидејќи бил облечен во црно, како и дека веројатно не го видел возот бидејќи снимал нешто со својата камера.

Истрагата за случајот е во тек.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1