Третиот Рајх – Операција UFO (Нацистичка База во Антарктикот) – Видео


Легендарниот руски докуметарец направен во 2006 година „Третиот рајх – Операција NLO“, е преведен на англиски јазик и за прв пат е бесплатно достапен за сите да можат да го видат.

Филмот ги прикажува историските мистерии и гласини за нацистичката воена тајна база на Антарктикот, направена во 1947 година, како и нападот на летачката чинија, создадена со антигравитациски мотори, за која се верува дека ја уништила флотата на американскиот адмирал Бирд, кој имал заповед да ја изведе операцијата „Highjump“ со цел да го испита и истражи Антарктикот, за можноста, дали нацистите навистина имале технологија да изградат вонземски летала кои што можеле да полетаат од едниот па се до другиот пол на светот.

Во првите два, од вкупните шест месеци, за колку што била планирана, операцијата била прекината.
Една од клучните теми на филмот е наводното постоење на легендарната поземна нацистичка база во Антарктикот „База 211“. Исто така се зборува и за наводното исчезнување на нацистичките воени научници и инжинери, за кои што се зборувало многу низ историјата, се до ден денес, но, никој досега не успеал точно со факти да истражи, што всушност се случувало на антарктикот и да ги изанализира актуелните гео-физички можности на подземната база на Антарктикот.

Докуметарецот исто така ја обработува и темата за наводното постоење на нацистичката летачка чинија.

Ги опфаќа од канализирањето на вонземските инжинеринг шеми од страна на членовите на „Thule Society“ во раниот период од дваесетиот век, па се до имлозивниот мотор на Виктор Шаубергер, со чија помош се издигнувале овие летала, и неговото можно присвојување од страна на Третиот рајх.

Што не води кон вториот дел од дваесетиот век, во кој што докуметарецот ни илустрира многу видови на непознати летала во делот околу Антарктикот, како и на големиот број на неодговорени прашања зошто речиси сите американски бази на Антартикот се населени со агенти на Националната Агенција за Безбедност (ЦИА).

Исто така постои недостаток на информации во врска со постоењето на американската уништувачка морнарица „Мардок“, а нејаснотиите особено настанале по изјавата на американскиот пилот Џон Сиерсон, кој што објаснил дека флотата на адмиралот Бирд била нападната од страна на летачка чинија. Сиерсон ваквата изјава ја дал на Американскиот истражувач Леонард Стрингфилд.


Исто така во предвид се земени и записите од сведочењето на адмиралот Бирд пред американскиот конгрес, за тоа дека неговата флота и операцијата „Highjump“ била нападната од стрна на летачка чинија која имала способност да прелета од едниот пол па се до другиот.

Она што го разликува овој документарец од останатите од овој тип е тоа што во истиот се земени сведоштва на Руски научници и воени лица.

Како што големиот американски антифашистички истражувач Дејв Емори вели за елементите на длабоката политика: „Таа е храна за размислување и основа за понатамошно истражување“.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1