“Трето полувреме” на Дарко Митревски, македонскиот кандидат за Оскар за најдобар странски филм, не влезе во потесниот избор за номинација, кој беше објавен денеска, пишува Вест.
Американската академија ги соопшти 9 те филма, кои влегуваат во трката за 5 кои ќе се номинираат за Оскар. Изборот на финалните 5 ќе е на 10 јануари.
Во потесниот избор влегоа австрискиот “Љубов”, канадскиот “Вештерка на војната”, чилеанскиот “Не”, данскиот “Кралска афера”, францускиот “Недопирливите”, исландскиот “Длабочината”, норвешкиот “Кон-Тики”, романскиот “Зад ридовите” и швајцарскиот “Сестра”.
Годинава имаше кандидати од 71 земја. Церемонијата на 85. доделување на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари.