Третпат за три години се реконструира коловозот кај Народна банка


Од вчера почна реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на булеварот Kузман Јосифовски – Питу, кај автобуското стојалиште пред Народна банка. Почетокот на работите го означи скопскиот градоначалник Kоце Трајановски.

vero centar– Оваа улица беше целосно обновена во 2011 година, но веднаш пропадна, па изведувачот го санираше стојалиштето кај банката на свој трошок. Но, коловозот и по тоа повторно пропадна. Затоа Градот направи дополнителни испитувања и мерења и констатира дека подлогата под стојалиштето не е квалитетна – објасни Трајановски.

Тој информираше дека е направен нов проект кој предвидува да се извади тампонскиот слој и целосно да се реконструира коловозот.

Kрајната сообраќајна лента ќе се обнови во должина од 200 метри, пред и по автобуската станица. Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој ќе се изгребе, ќе се санира потповршинскиот слој до длабочина од еден метар и повторно ќе се асфалтира. Исто така, ќе се нивелираат постојните шахти и сливници.

По завршувањето на овие активности, ќе се реконструира и крајната сообраќајна лента пред стојалиштето кај „Веро центар“ во должина од 102 метра, а потоа и лентата пред станицата кај МАНУ. Минатиот месец се работеше кај автобуското стојалиште на „Рекорд“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1