Три години ќе биде блокиран кејот од Камени до Гоце Делчев


Во следните три години кејот од Камени мост до мостот Гоце Делчев ќе биде блокиран. Тој е веќе заграден за изградба на панорамското тркало и ќе остане така сè додека не заврши изградбата. До пред извесен период имаше монтажен мост за пешаците да можат од Камени мост покрај оградата на кејот да стигнат до мостот Гоце Делчев, но и тој сега е дел од градилиштето. Блокирана е патеката во коритото на Вардар, а поради градилиштето непроодна е и патеката на горниот дел покрај ѕидот на кејот, пренесува Вест.

kameni most

Од Јавното сообраќајно претпријатие кое е инвеститор на панорамското тркало велат дека овој дел ќе остане заграден околу 3 години, бидејки целиот проект се очекува да биде завршен за 5 години.

– Станува збор за градежни активности кои се однесуваат на офицерскиот дом и панорамското тркало за кое веќе е започната изградбата. Согласно законската регулатива за безбедност и заштита при работа теренот е ограден од безбедносни причини за граѓаните кои се движат на тој потег”, изјавија од ЈСП-Скопје.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1