Три млади момчиња од Штип загинаа кај Петровец (Фото)


stipjani deca kolaТројца млади штипјани загинаа на патот Велес-Скопје во сообраќајна несреќа која доцна вечерта се случила во близина на наплатната рампа кај Петровец, јавува порталот Бриф.

Според информациите возилото марка Поло, се превртело во каналот патот во близина на рампата Петровец.

На патниот правец Скопје-Велес, на 500 метри пред наплатната рампа Петровец, возилото „Фолксваген Поло“ со штипска регистрација не успеало да ја фати кривината и ја пробило заштитната ограда, по што завршило во каналот којшто непосредно поминува покрај автопатот.

deca kola 2Во возилотo се превезувале тројца млади штипјани, на возраст помеѓу 20 30 години, кои се враќале дома од Скопје. Сите тројца го загубиле животот. На местото на несреќата присутни биле бројни полициски екипи, како и возило на противпожарната служба.

Во близина на несреќата веднаш пристигнале и дваесетина возила со штипска регистрација, роднини и пријатели на загинатите.

Штип е во шок, граѓаните масовно ги споделуваат нивните, а во знак на почит на своите профили ставаат црни слики.

Foto – Brif.mk

 
ЗАГИНАТИТЕ МОМЧИЊА БИЛЕ НА СВАДБА КАЈ ПРАТЕНИЧКАТА МАРИНЕЛА ТУШЕВА
ШТИП ЗАВИЕН ВО ЦРНО – ОВА СЕ МОМЧИЊАТА КОИ ЗАГИНАА КАЈ ПЕТРОВЕЦ

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1