Околу 1.30 часот утрово, непознати лица пукале на КЕП банката и локалната радио станица. Половина час подоцна пукано и на куќата на капетанот на косовската полиција во Зубин Поток, Дража Божовиќ.
Освен што пукале напаѓачите фрлиле и бомба во дворот. Во моментот на нападот во куќата биле и сопругата и братот на полицискиот капетан. Регионалниот портпарол на косовската полиција Бесим Хоти ги потврди инцидентите и вели истрагата е во тек.