Тројца лекари антиваксери под лупа на Лекарската комора


Во антиваксерската кампања на социјалните мрежи учествувале и лекари субспецијалисти.

Лекарската комора ќе одлучува по три случaи кои се поднесени против лекари за антиваксерска кампања. Тројцата лекари ваквите ставови ги споделувале на Фејсбук. Лекарската комора ќе постапи согласно ингеренциите но додаваат дека кога се работи за објави на социјални мрежи нема прецизна законска регулатива за соодветно санкционирање на ваквите случаи.

За да нема вакви ситуации во време кога пандемаијата зема повторно замав и за да се заштита граѓаните од разни дезинформации, Лекарската комора ги повика сите релевантни здруженија на стручна дебата во која ќе споделат аргументи и препораки во кои случаи и кои пациенти не треба да се вакцинираат.

Од комората ги повикаа сите лекари да се вакцинираат и да бидат пример заграѓаните за што поскоро да излеземе од пандемијата. Исто така лекарите да бидат поблиску до пациентите во споделување на прецизни информации околу вирусот за да можат истите на време да побараат лекарска помош за да се намали смртноста.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1