Средбата се случила благодарение на локалниот новинар Стенли Робертс, кој го нашол Малоун на почетокот од месецот додека известувал за илегалните депонии.

414757_santana5_ffНиз разговор, Робертс дознал дека своевремено Малоун свирел и соработувал со Сантана.

Излегло дека просјакот ја зборува вистината и дека бил член на бендот кој соработувал со Сантана до 1968 година.

Сантана и Маркус се разделиле откако тапанарот бил обвинет за злосторство и испратен во затвор во Сент Квентин.

414758_santana6_ffОткако излегол на слобода Маркус не можел да пронајде постојана работа и почнал да живее на улица.

Кога Сантана ја видел емисијата на Робертс, веднаш тргнал да го бара, побарал и помош од новинарот за да се сретне со стариот пријател.