Трогателно: Бил фудбалер во подем – го застрелале во глава, жената му земала се – останал сам и без ништо


Салвадор Кабањас го имаше светот под нозете до 25-ти јануари 2010-та година, а сега нема ништо освен животот кој го гради од самиот почеток.

kaban-4551Кабањас  кој до 25-ти јануари 2010-та година беше икона на парагвајскиот и јужноамериканскиот фудбал и кој два пати беше најдобар стрелец во Копа Либертадорес, стандарден репрезентативец, но сето тоа е пред да биде застрелан во главата од страна на мексиканскиот наркобос Хозе Балдерас Гарза.

За некое големо чудо, Кабањас преживеал, а дури успеал да му се врати на фудбалот, иако лекарите не успеале да му го извадат куршумот од главата, сметајќи дека тоа би било премногу ризично.

Некогаш голема фудбалска ѕвезда, кој беше на чекор до Манчестер Јунајтед, Кабањас сега за живот заработува продавајќи леб во родното градче Итаугуа, 30 километри одалечено од Асунсион. Лебот го прават неговите родители.

-Неколку дена пред пукотницата, потпишав предоговор со менаџерска агенција и добив 1,7 милиони евра како аванс пред преселба во Европа. Менаџерот ми рече дека одам во Манчестер Јунајтед, а клубот Америка ми ја дуплираше заработката и ми даде два стана, еден во Мексико Сити, а вториот во летувалиштето Канкун. Мојот живот беше како во бајка, вели Салвадор.

kabanjas-5001Откако по некое чудо останал жив, кога се разбудил од кома и кога се опоравил сфатил дека останал без ништо. Неговата сопруга Марија Лорија го препишала целиот недвижен имот на нејзино име, сметките исто така, а како што вели Салвадор тоа го направила со помош на менаџерот.

-Со отпечаток на мојот прст, кој го земале додека бев во кома, ми земаа се што заработив. Но, јас ќе ја продолжам правната битка иако немам помош од никого, вели Кабањас.

Неговата поранешна сопруга сега живее во куќа чија вредност е проценета на пет милиони долари, со нивните две деца.

-Спокоен сум бидејќи знам дека моите деца имаат се. За нив се борев низ животот и подобро јас да патам отколку тие, вели тој.

Салвадор Кабањас два пати бил најдобар стрелец на Копа Либертадорес, најдобар стрелец на првенствата на Мексико и Чиле, а во 2007-ма година бил избран за најдобар фудбалер во Јужна Америка. Пред и по него оваа награда ја добивале Нејмар, Рикелме, Верон, Тевез, Кафу…

За селекцијата на Парагвај одиграл 44 натпревари и постигнал 10 голови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1