Трогателно чудо на гробот на старец Пајсиј


„Од свои дванаесет години страдав од демон. Животот ми стана мачеништво.  По егзорцизмите кои ми ги читаа  се чувствував како да ме имаа тепано.

Првата сабота од постот, во 1995та година, мојот духовник испланира да одиме на бдение во Суроти (женски манастир, посветен на „Свв. Јован Богослов и Арсениј Кападокиски“ кој го основа старец Пајсиј и каде се наоѓа неговиот гроб, н.з.).

Пред да тргнеме почувствував ѕверска борба во себе. Во текот на бдението воопшто не ми се спиеше. Бев седната во средината на храмот и околу мене монахињи. Кога заврши бдението, почнаа да пеат водосвет. Многу здивев. Ме однесоа да ги целивам моштите на свети Арсениј.

gr

Беше прв пат, еве кажувам и се ежам, да почувствувам како горам телесно. На крајот се завртев и почнав да викам: ‘Пај… Пај…’ Игуменијата ме запраша: ‘Пајсиј?’, при што климнав со главата потврдно. Тогаш многу здивев, почнав да врескам, по што ме однесоа на гробот (на старец Пајсиј) и таму трипати извикав ‘Свет!’

Сакав да побегнам и се обидував, но ме фатија и со сила ме легнаа на гробот на старецот. Тогаш го видов старецот како се подига од половината нагоре како да се буди од сон, не како мртов. Беше потполно истиот со брада и со расо. Тоа беше прашање на секунди.

Со својата рака ме допре на челото и во истиот миг видов како излегува црн чад од мојата уста. Конечно се смирив, но телесната болка не ме напушти веднаш. Заспав и од болки се будев, велејќи ‘Многу ме боли.’

Но, во текот на четириесет дена чувствував една таква радост, што од радост плачев. Можеби беше премногу дрско тоа што реков: ‘Боже мој, и цел живот да се мачам како претходно, доволно ми е само уште еднаш да ја почувствувам, барем за една минута, истата таа радост’.“

Извор: Бигорски.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1