Трогателно писмо од едно девојче: Мајка ми ми го скрши ‘рбетот, сега сум инвалид


Маре Сурпренант уште како дете била малтретирана од својата биолошка мајка и нејзиниот дечко. Она кое ова осумгодишно девојче го доживеала во најраното детство е последица со која мора да се носи до крајот на својот живот. Мари денес е неподвижна, но е и среќно дете, исполнето со благодарност.

Screenshot_106

Преживеала пекол, но денес е благодарна

Теророт траел осум месеци. Нејзината биолошка мајка и нејзиниот дечко физички ја малтретирале до тој степен што останала инвалид. Маре била однесена во болницата во Атланта со едвај пет килограми, 14 скршеници и модринки.

Таа изгубила секакво чувство во нозете. Имала тешка сколиоза, скршен ‘рбет и поради тоа морала двапати во една година да оди на операција.

И покрај трауматичното детство, таа денес е среќна и благодарна. Писмото кое им го напишала на социјалните работници и полициските службеници кои биле инволвирани во нејзиниот случај трогна милион срца. Никој не остана рамнодушен на искрените зборови на ова храбро девојче.

Писмото го пренесуваме во целост

Драги социјални работници и полициски службеници,

Сакам да ви се заблагодарам на тоа што ми овозможивте да бидам среќна девојка и што ми овозможивте нов, топол дом. Сега можам да јадам три пати на ден. Јас сум Маре Роуз Сурпренан. Како бебе бев повредена и вие работевте на мојот случај. До тој степен ме повредија што не можев да одам. Ми беше скршен ‘рбетот, но лекарите успеаја да ми го поправат.

Ги прашаа моите родители како сум го сркшила, но тие ги излажаа. Им рекоа на лекарите дека сум паднала од кревет. Тогаш дојдовте вие и ми го решивте случајот. Не дозволивте тие луѓе пак да ме повредат.

Доколку не ми помогневте, мојот живот ќе беше во опасност, бидејќи не ме хранеа. Ме тепаа додека плачев. Но, сега сум многу подобро. Единствениот кој ме нервира е нашето куче Џо.

Се надевам дека и понатаму ќе им помагате на децата.

Ве сака, Маре

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1