Својата богата кариера Монтено ја започна во шеесеттите години од минатиот век. Оттогаш, па се до неговата смрт, Кемал Монтено ја освојуваше публиката со мега популарните песни, а во текот на кариерата, тој објави вкупно 15 албуми.
Соработувајќи со огромен број на славни музичари, Кемал Монтено остави голема трага на музичката сцена во целиот регион, а во Македонија секогаш беше гостин кој предизвикуваше радост кај неговите фанови, но и самиот тој призна дека ужива кога е тука.