Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци


Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Кавадарци. Мотор удрил во пешак кој поминувал по улица, а потоа удрил во паркирана „Лада нива“, пренесува Дума.мк.soobrakjajk

Од ударот тешки повреди заработиле возачот на моторот, совозачот и пешакот. Сите тројца со возила на итната помош се пренесени на скопските клиники.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека полицијата врши увид, а повеќе информации околу несреќата ќе бидат достапни утре./A.Д

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1