Стево Пендаровски, универзитетски професор и поранешен советник на двајца претседатели, вели дека очекува валкана кампања во претседателските избори.
Тој во интервју за Фактор вели дека, иако е најчесто споменувано име како претседателски кандидат на опозицијата, досега ниту еден политички субјект со него нема разговарано на таа тема. Пендаровски ги отфрла како неточни сите шпекулации за тоа зошто не полетал со претседателот Борис Трајковски за Мостар.
„Ден пред несреќата јас заминав за Даблин како дел од македонската државна делегација која требаше да ја предаде апликацијата за членство во ЕУ. На тој пат бев испратен од претседателот Трајковски како негов личен претставник и за тоа постои уредна писмена документација во кабинетот на претседателот. Интересно е што постојат најмалку тројца блиски советници на претседателот кои не се качија со него во авионот за Мостар, иако тој ден беа во Скопје, меѓутоа, нив никој не ги прозива од едноставна причина што беа и се високо позиционирани членови во владејачката партија “ вели Пендаровски за Фактор.
Целото интервју на – Фактор