Поради непрофесионално однесување и задржување на граничниот премин повеќе од 7 часа дваца царински службеници од Деве Баир добија отказ известуваат преку соопштение од царинската управа.
Покрај овие двајца, на царинската испостава Свети Наум царински службеник бил затекнат како спие на работното место, а бил и под дејство на алкохол.
По извршената анализа на крвта, утврдено било присуство на алкохол од 2,56 промили. Покрај недоличното однесување на овие тројца цариници, други тројца и тоа двајца цариници од Битола и еден од Куманово на работа дале документ за дарување на крв, а кога нивните претпоставени ги контактирале медицинските установи добиле одговор дека тие воопшто не дарувале крв.
За овие царински службеници во тек е постапка за утврдување на кршење на работниот ред и дисциплина.