Втората сезона од серијата „Vice“ која се занимава со модниот свет надвор од Њујорк, Париз и Милано и ги открива екстремните мерки кои ги практикуваат за да учествуваат на ревиите.
Шарлот Дубок, водителката на серијата патува во Јамајка, Израел, Јужна Кореа и Узбекистан и ја истражува ескалацијата на пластичната хирургија, расните проблеми и културните феномени. Во првата епизода водителката е во бекстејџот на модната недела во Рио каде ги истражува расните проблеми, а големо внимание им се посветува на обидите да се достигне „совршен изглед на бела девојка“.
За време на посетата на Кингстон на Јамајка, еден модел коментира дека „не мора да имаш пари за да јадеш, но секогаш мора да имаш пари за да ја избелиш кожата“, додека во Сеул водителката ги снима девојките кои ги оперираат очите и очните капаци за да имаат што подобар изглед на девојка од западот.
Во земјите како Нигерија, Колумбија и Пакистан манекенките пак масовно вградуваат импланти на задниците, а во Камбоџа популарно е додека одат по писта да изгледаат дрогирано.