Трудници користени како лабораториски глувци за тестирање на лекови


Внимание – фотографиите се експлицитни !!!

Пронајдени се документи кои откриваат дека бремени жени постари од 50 години, низ целиот свет, биле користени како лабораториски глувци, за испитување на лек против утрински повраќања, „талидомид“, што резултирало со раѓање на деца со тешко вродени мани.
Deca-invalidi-500x218Талидомидот е седативен лек воведен во касните 50 години од минатиот век, кој се користел како пилула за спиење, но набрзо е откриено дека е делотворен против утринските мачнини. Продаван е од 1957 година до 1961 кога бил повлечен откако било утврдено дека предизвикува вродени мани.
Лекот е развиен од страна на германската фармацевска компанија Grunenthal Хајнрих Мутцктер поранешен член на нацистичката партија и воен лекар, кој бил на чело на истражувачко оделение во компанијата од нејзиното основање и бил одговорен за создавање на талидомид.

Талидомидот е лансиран на 1 октомври 1957 година кога за него се тврдело дека делува како ефикасно средство за смирување и против болки, а прогласен е за чудесен лек за несоница, кашлање, преладеност и главоболки. Така е утврдено дека е ефикасен антиметик кој има инхибиторен ефект на утринските мачнини, па затоа илјадници трудници го земале за ублажување на симптомите. Во време на развој на лекот, научниците не верувале дека лекот може да мине низ плацентата и да му наштети на фетусот.

Deca-invalidi-1-500x500Се проценува дека како последица на земањето во периодот на бременост, во 46 земји во светот, се родени 10,000 до 20,000 деца со деформации.

Некои земји како Австралија, Швајцарија и САД кои не го одобриле лекот за продажба, милион таблети биле дистрибуирани на лекарите за време на клиничката испитна програма На крајот од 1961 година лекот е повлечен од слободна продажба, но денес е достапен на лекарски рецепт, и се применува под строг надзор. Во 1960 година за првпат се направени испитувањата на австралиски жени и тоа според документите уште пред истиот да биде тестиран.

Во 1961 година почнале да се раѓаат бебиња со деформитет или пак мртви бебиња. Во 1972 година британските медиуми објавуваат документи на кои компаниите кои што ги произведуваат ваквите лекови нудат отштета, по што за време на 70-те години од минатиот век, биле исплатени 28 милиони фунти од страна на компанијата Диагео.

Денеска се верува дека истиот овој лек се користи за лечење на сидата во земјите во развој. Студија излезена во 2007 година пак потврдила дека талидомидот може значитлно да ги подобри шансите за преживување кај пациентите заболени од рак на коскената срж. Во 2009 година пак научници од Универзитетот Абердин, тврдат дека ја решила 50 годишната непозната за тоа како овој лек предизвикува недостаток на екстремитетите. Тие откриле дека лекот го спречува растот на новите крвни садови во развојот на ембрионот.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1