Труење на деца во Гостивар немало – ќе има ли истрага за политичкото труење и кој го смисли


Немало труење кај гостиварските средношколци, утврдиле вчера надлежните медицински и полициски органи по детаљна истрага на настанот кој минатата недела предизвика тензии во јавноста. Истовремено, експерти за кривично право нагласуваат дека секое лажно пријавување претставува кривично дело за кое треба казнено да се одговара.

sudska medicina– Фингирањето дека се случило некакво кривично дело подлегнува на правната одговорност доколку се докаже до крајот на истражната постапка – смета универзитетскиот професор и кривичар Никола Тупанчевски. Ако имало фингирање, тоа е сигурно во политички контекст. Но, сепак, правно гледано, лажното пријавување е кривично дело – потенцира Тупанчевски.

Вонредните анализи беа направени откако во петокот 64 лица, меѓу кои и ученици и наставници, професори и други вработени во училиштето побарале медицинска помош во гостиварската болница и на Kлиниката за токсикологија жалејќи се на симптоми на труење и дека наводно непознат сторител фрлил гас во училиштето и се обидел да ги затруе. Овие тврдења ја вознемирија јавноста и во Гостивар и пошироко, но анализите потврдија дека немало никакво труење.

Пациентите што биле хоспитализирани на клиниката не платиле партиципација за здравствените услуги бидејќи станувало збор за итни случаи кога не се бараат документи.

– Ништо не е наплатено бидејќи пациентите дојдоа без документи. Се работеше за ургентни случаи на кои не им бараме документи. Немавме време за тоа и во таа ситуација ќе беше непрофесионално од нас тоа да го бараме. Отпосле ќе го решиме тоа – додаде Чибишев.

На Kлиниката за токсикологија во петокот беа хоспитализирани 16 пациенти, од кои 10 ученици на возраст од 18 години и шест вработени во гостиварското училиште, а најстариот имал 63 години. Пациенти биле прегледани и врз нив биле направени клинички лабораториски испитувања, преглед на очите, а биле земени и крв и урина за токсиколошки иследувања.

Бејта: Надлежните да откријат што точно се случило

И покрај тоа што релевантните институции, Институтот за судска медицина и МВР соопштија дека немало труење, ниту траги од гас во училиштето, Невзат Бејта, градоначалник на општина Гостивар, и натаму тврди дека имало нешто:

– Доколку немало труење, тогаш надлежните институции да откријат што точно се случило и кој тоа го направил. Kако е можно и по три дена една ученичка да има здравствени проблеми? Таму имало нешто бидејќи и јас, по посетата на училиштето, имав симптоми на кои се пожалија учениците и наставниците – рече Бејта. (З.Г.М.)

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1