Царинската управа отвори истрага за Александар Трајковски


Царинската управа на Република Македонија отвори истрага за отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување, беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски.

Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил Извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.

-Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор. За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, медиумите ќе бидат навремено информирани, се наведува во соопштението.

Александар Трајковски, кој е советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, на последното рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1