Цел живот чекала да ослепи, на крајот договорила да ја ослепат со разредувач!


Џул Шупинг (30) од Северна Каролина боледува од психичко пореметување наречено „нарушување на телесниот идентитет и интегритет“, кога здрави луѓе се убедени дека им е судено да бидат инвалиди.

Таа од најрана возраст очекувала да ослепи. Немала ниту една причина да мисли дека ќе ослепи, гледала одлично, но била убедена дека ја чека таква судбина.4ju.jpg500

– Паметам дека на 3 години дома ме наоѓаа како шетам по ходници ноќе, а до 6 години веќе помислата дека ќе бидам слепа ми даваше некаква утеха – вели Џул.

Кога била дете таа со часови гледала во сонцето во надеж дека тоа ќе и го оштети видот. Како тинејџер си купила црни наочари, на 18 години бел стап, а до 20 експертски ја совладала Брајовата азбука – иако гледала одлично!

– Се преправав дека сум слепа извесно време, а потоа тоа ми стана опсесија, секојдневно очекував тоа да се случи – вели Џул.

Во 2006 таа успеала да најде психолог кој „ја разбрал“ и да го убеди да и стави неколку капки од средство за чистење на бањи во очите!!!

– Тоа беше ужасна болка, очите ми гореа, малку од разредувачот ми потече по образот и ми го изгоре, но јас мислев само едно – еве ќе ослепам, се ќе биде во ред! – се сеќава  Џул.

Лекарите против нејзината волја се обиделе да и го сочуваат видот но безуспешно – очите и биле толку оштетени што за 6 месеци ослепела тотално. Кога нејзиното семејство дознало дека таа намерно го предизвикала слепилото, се откажале од неа.

– Јас навистина мислам дека вака требаше да биде, дека требало да се родам слепа – вели Џул чиј сон сега е да живее самостоен живот и да им помага на слепите луѓе.

– Кога никој околу вас не мисли како вас и не ве разбира помислувате дека полудувате. Но јас не полудувам, само имам некое нарушување – вели 30 годишната жена.

Таа решила во медиумите д аја раскаже својата приказна и да алармира луѓето со слично психичко пореметување, да побараат професионална помош. Не е јасно дали психологот кој и помогнал да си ги уништи очите ќе биде изведен пред суд.

– Немојте да го правите тоа што го сторив јас, знам дека потребата е огромна но немојте, можеби некогаш ќе се најде лек за вашата состојба. Луѓето со „нарушување на телесниот идентитет и интегритет“ ( BODY INTEGRITY IDENTITY DISORDER) легнуваат под воз да им ги прегази нозете, ги замрзнуваат екстремитетите или се фрлаат од карпа во надеж дека ќе останат парализирани. Болеста е многу опасна и потребна е професионална помош – вели Џул.

Д-р Мајкл Фирст, психијатар од Колумбија Универзитетот во Њујорк, вели дека од оваа болест на психата успеваат да се излекуваат само мал процент на заболени луѓе.

– Тие знаат дека она што го чувствуваат е невообичаено но им доаѓа одвнатре, не можат да го објаснат. Во психијатријата тешко се наоѓа лек, обично се обидуваме да најдеме начин пациентот да има исполнет живот наспроти состојбата во која се наоѓа. Но кога имате некој што сака да се осакати или да биде слеп – како ќе знаете дека кога ќе го стори тоа ќе биде среќен?

Џул вели дека се чувствува среќна и не разбира кога другите луѓе се лутат ако некој реши сам себеси да се осакати.

– Тоа не беше прашање на избор туку потреба произлезена од проблем со мозокот – искрена е Џул.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1