Oд својата 18-та година, речиси секој ден 90-годишниот Артур Рид го посетува својот омилен пуб и ужива во кригла пиво.
Артур 72-години пие пиво на исто место, во ист паб. Досега Артур има испиено 30.000 кригли пиво, а тоа е приближно 14 илјади литри.
Станува збор за советник во пензија кој на 14-години го напушта своето училиште, а никогаш се нема венчано ниту пак има деца.
„Секое утро станував многу рано, не се одморав многу. Секогаш напорно работев, а единствено уживав во пабот, никогаш не почуствував потреба да си заминам од тука“, вели овој симпатичен старец.Asia Matczak која е сопственичка на пабот во Вармлеј вели дека досега само еднаш оваа зима се случило Артиур да не дојде, но тоа поради временски непогоди.
Инаку секој ден во 15:30 тој доаѓа во своето омилено место и пие пиво.
„Ако случајно се случи Артур да не дојде во пабот, сите се грижат и прашуваат каде е“, додава сопственичката.