Целиот плоштад „Македонија“ затворен –


Иако не е довршена првата фаза од изведбата на површинска фонтана и партерно уредување на просторот помеѓу фонтанта „Воин на коњ“ и Камениот мост, Градот Скопје одлучи да го огради и преостанатиот дел од централниот плоштад „Македонија“ за реализација на втората фаза од проектот.fontana

Од вчера е затворен целиот простор околу фонтаната „Воин на коњ“, на кој е предвидено да се изведе мозаик. На градилиштето активно работат екипите на градежната компанија „Трансмет“, која за сума од 1,2 милиони евра треба целосно да изведе нова фонтана со 128 прскалки и да ги замени постоечките гранитни плочки поставени пред една деценија. Во изминатиов период се работеше на подземната инсталација за фонтаната, а во наредните месеци треба да се комплетира и партерното уредување од првата фаза на проектот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1