Мајката која била уверена дека во болницата и дале погрешно бебе, сега ја тужи установата, откако конечно успеала да направи ДНК тест, кој го потврдил нејзиниот сомнеж.
Но, иако ја пронашла жената која го одгледала нејзиниот син, таа не успеала да го прегрне своето детенце. Русинката Флера Фазлиева (54) од градот Казан во Татарстан, уште во 1986 година родила момченце кое во болницата го замениле со друго бебенце. Откако ја дознала вистината, Флера контактирала со Разију Факаров, чиј син и го дале по грешка. Но за несреќа Флера тогаш дознала дека нејзиниот вистински син, кој се викал Аидар, загинал во сообраќајна несреќа во 2004 година на негова осумнаесет годишна возраст. Бев во болница на 3 јули 1986 година. Штом ми го дадоа бебето, знаев дека нешто не е во ред.
Им реков дека ми дале погрешно бебе, но докторот и сестрата во тој момент ми рекоа дека тоа е невозможно, затоа што бебеињата веднаш по раѓањето се обележуваат со посебна ознака. Ми рекоа дека така се чувствувам поради тешкото породување и дека со време јас и бебенцето ќе се поврземе. Не можев да се решам од тоа чувство, а ниту моето семејство не можеше да верува. Имавме состанок на кој одлучивме дека со оглед на тоа што немавме пари за тестови, бебето да го одгледам како да е мое. Тогаш дознав за можноста за ДНК анализа по пат на пошта, но тоа не ми донесе никакво задоволство ниту го врати мојот син.
Неколку години бев под притисок додека не ја најдов мајката на моето чедо. Не можев да поверувам, дека Аидар загинал во 2004 година. Дваесет и седумгодишниот Илсхат кој го одгледала како свој син, ја запознал својата биолошка мајка, но вели дека не чувствува никаква поврзаност со неа. Признава дека по се тој се чувствува збунето и изгубено.
„Секогаш се чувствував дека мајката која ме одгледа некако е дистанцирана иако правеше се најдобро за мене. Сега знам дека мојата мајка е друга жена, но не чувствувам никаква поврзаност со неа. „Го изгубив синот, го погребав, а со овој бизарен пресврт открив дека всушнсот не сум го погребала својот син, а потоа ми донесоа странец и ми рекоа дека тој е мојот син“, вели Разиа Факарова (56) биолошката мајка на Исхат.
„Тоа е доста тешко за нас, мојот син не е срдечен кон мене, но не можам да го обвинам за тоа. Во најдобар случај можам да добијам млак поздрав, но никогаш не ме нарече мамо, како што тоа го правеше Аидар. И двете жени сега ја тужат болницата, а ако добијат оштета, планираат да купат куќа во која ќе живеат заедно. Но експертите велат дека се мали шансите за да добијат парница, затоа што од замената на бебињата поминале многу години.