Целодневна забава утре во центарот на Скопје- еве ја програмата


Град Скопје и Детскиот културен центар- „Карпош”, утре на просторот пред Порта Македонија ќе ја организираат целодневната манифестација „Априлијада 2015“.

Дневниот дел од традиционалната Манифестација по повод 1 април- Светскиот ден на шегата, се организира под мотото мотото „Скопје се смее” и е наменета за децата од сите училишта, градинки и воопшто за децата на Град Скопје. Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од Златно славејче.maskembal

Манифестацијата „Априлијада  2015“ ќе започне во 11 часот, а градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на учесниците на манифестацијата ќе им се обрати во 11:30 часот.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај Порта Македонија, а ќе учествуваат Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, ДЏ Бабура и групата „The Noise makers”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1