Центар денес гласа на референдум за ГТЦ – пријавени нерегуларности


На денешниот референдум се гласа со ЗА и ПРОТИВ на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“

Според Државната изборна комисија до 13 часот на референдумот за ГТЦ излегле 9.043 граѓани на Општина Центар или 20,76% од гласачкото тело.gtc

Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија. Вчера своето право на глас го искористија 38 затвореници и 7 болни и изнемоштени лица.

Граѓанската асоцијација МОСТ  референдумот го набљудува со 111 набљудувачи на сите избирачки места – нивните набљудувачи регистрирале  повеќе нерегуларности.

Невладината „Цивил“ која со свои набљудувачи го мониторира референдумот за ГТЦ во општина Центар, соопшти дека регистрирале повеќе  неправилности. Тврдат  лифтовите во неколку згради во Центар намерно се расипани, искинати се избирачки ливчиња, искинати палкати, граѓани не можат да се најдат во избирачкиот список.

На гласачкото место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ има проблем со избирачките списоци каде што граѓаните не се пронаоѓаат, тие се разместени, што доведува до збунетост и се откажуваат од гласање. На улица Мирослав Крлежа објектот е во изградба, а таму се заведени пет лица кои треба да дојдат да гласаат. Притисоци и закани има на набљудувачите на Цивил.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1