Голема акција во моментов – полициските специјалци „тресат“ околу Гошинце


Голема полициска акција од рано утринава се одвива во реонот околу селото Гошинце, каде минатата недела беше нападната една полициска караула, дознава Press24 од полициски извори.

Foto - Nova tv

Foto – Nova tv

Спорединформации на порталот, по истрагата за нападот врз караулата полицијата дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата.

Изворот вели дека по обезбедени судски наредби, извршени се повеќе претреси во Малино и пронајдено е дел од полициското оружје кое беше украдено.

Од МВР за Press24 и официјално потврдуваат дека од рано утрово спроведуваат акција во регионот околу Гошинце но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат, акцијата е се уште во тек

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1