Центарот на Скопје без парно


Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.

– Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне – велат од „БЕГ“.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076-200.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1