ЦИА – Црни сценарија го чекаат светот



Ако продолжиме вака, за „подобро утре“ можеме само да сонуваме. До 2030 тата година светот нема да биде идеално место за живот, предвидува американската разузнавачка агенција ЦИА.

Едно од трите сценарија наречено „соработка“ предвидува формирање „братски свет“ на чело со Кина и Сад. Националниот разузнавачки совет НИЦ – (организација во рамките на ЦИА), на секои пет години, размислува за светските текови во следните 20 години, а првата скица од новиот извештај „Глобалните трендови 2030“ веќе ги помина институциите во Вашингтон.

Ова е најава за техничка револуција што од корен ќе промени многу сегашни состојби во меѓународните односи, од ширењето на генетски модифицираната храна, преку футуристички 3д принтер, па се до вештачкото подобрување на мозочните функции или клонирање на луѓе.

Овојпат НИЦ ги зема предвид критиките за неговите претходни извештаи. Сега документот содржи еволуциски карактер на американската моќ во светот во транзиција.

Три сценарија се во игра за 2030 тата :

1. Враќање на старо,

2. Соработка и

3. Дезинтеграција.

Според авторот најверојатно е последното сценарио. Нееднаквиот економски раст ги прераспределува картите на моќ. Моќта на западот оди во надолна линија, што пак е во корист на Азија. Нестабилноста на пазарот и секако климатските промени сериозно удираат на светската стабилност.

Во таквиот „дезинтегриран“ свет се чувствува отсуството на политичка волја во надминувањето на проблемите, опасноста од меѓудржавни конфликти е силно нагласена, и стабилноста постојано е на тенок мраз. Ни малку пооптимистички не звучи ниту сцеанариото „Враќање на старо“. Всушност се мисли на „предамериканскиот свет“ односно нестабилната прва половина од 20 тиот век. Со своите буџетски проблеми САД нема капацитет за влијание на меѓународната сцена.

Таканаречениот „братски свет“  што се предвидува со сценариото„ соработка“ би бил светол правец во глобалните движења. Технолошката соработка меѓу Кина и Сад би покренала нова златна доба во меѓународните односи.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1