Ципрас: Има напредот во разговорите, но сеуште нема решение


„Грција и ПЈРМ разговараа околу спорот за името, но сеуште не се во позиција да зборуваат за конкретен договор“ – изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната прес конференција на самиот на ЕУ во Софија.

Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) направија прогрес во разговорите за името, но сè уште не се во позиција да зборуваат за договор, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, по средбата со премиерот Зоран Заев во Софија, пренесува „Катимерини“.

Премиерите Ципрас и Заев во текот на минатата ноќ во Софија имале долги разговори кои го отвориле патот до компромисот во спорот за името. Заедно со своите тимови, двајцата премиери преговарале до 3 часот утрово, иако во 10:30 минути беше закажана средба на маргините на самитот во Софија.

Грчкиот премир пред новинарите се осврна и на разговорите кои ги водел со Заев, кој истакна дека двајцата разговарале околу едно решение за името.

“Ние опфативме голем дел од проблемите, но сеуште има долг пат да се чекори”, рече Ципрас и потенцираше дека има голем број прашања кои го попречуваат напредокот во преговорите посредувани од Обединетите нации за решавање на деценискиот спор.

„И двајцата би сакале да видиме резултат во време на самитот на ЕУ кон крајот на јуни”. – додаде Ципрас.

Она што е сигурно засега е дека доколку Заев успее да постигне консензус во Македонија за решението кое го договориле со грчкиот премиер, конечниот одговор треба да падне во Преспа на почетокот на јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1