Циркусот во Скопје до 16 септември


По 3 години пауза, повторно циркус во Скопје. „Сафари“ од Унгарија ќе има престави до 16 септември. Поставен е зад Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.

Како и секој циркус има акробации, кловнови, слонови, нилски коњ, лавови и многу други животни.Цената на еден билет е 200 денари за деца, 300 за возрасни. За оние што сакаат да ги следат претставите од ВИП-ложа, еден билет чини 400 денари, а претставите започнуваат од 17 и 19:30 часот.

 Сепак циркусот не го дочекаа со добредојде активистите за заштита на правата на животните. Тие повика на бојкот на циркусот, тврдат дека нехумано се однесуваат со животните и ги тренираат со електрошокови и камшици, а им пречи и  нехуманиот транспорт, откако забележаа како малото слонче во кафез го шетаа низ градот.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1