Ќе се проширува Пластичарската улица


Конечно е во план проект со кој ќе се стави крај на гужвите и сообраќајниот хаос долж пластичарската улица.

Ако подобро погледнете таа и сега има 3 ленти, но едната секогаш е зафатена со паркирани возила. Или автомобили на дуќанџиите или на муштерии кои пазаруваат низ огромниот број продавници во овој дел.

Информацијата доаѓа од Општина Чаир, а проектот ќе е во договор со Град Скопје, информира Вечер.

Со новиот прокет Пластичарската улица ќе добие и четиврта лента. Ќе се искористат тротоарите бидејќи и сега тие не се користат од пешаци туку  се продолжени излози на продавниците па на нив има пластични канти, столови, теписи и што ли уште не.

Проширувањето ќе биде од мостот што води кон Бит-пазар до раскрсницата каде што се наоѓа Американската амбасада во вкупна должина од околу 700 метри.  Со реконструкција треба да се започне најдоцна до октомври.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1