Суспендираната лекарка во болница – со нарушено здравје поради преголем стрес


Според информациите лекарката Ксенија Мојсовска поради преголемиот емоционален стрес со нарушена здраствена состојба и покачен притисок била хоспитализирана вчера попладне.

Како што јави телевизија Сител таа била хоспитализирана во Градската општа болница 8-ми Септември и била укажана помош од дежурен лекар и од психијатар. И била дадена соодветна терапија и 3 часа по приемот, докторката била пуштена на домашно лекување. Информацијата за Сител ја потврдиле и од Градската болница.

Доктор Мојсовка беше суспендирана откако пред поликлиниката во Ѓорче Петров , додека таа била дежурна почина маж, без да излезе и да му даде прва помош иако минувачи ја повикале. Веднаш потоа во медиумите излезе таткото на детенцето кое лекарката го прегледувала, а било во сериозна состојба, во моментот кога одбила да излезе. Според зборовите на таткото таа го спасувала животот на неговото дете и затоа тој повикал брза помош од неговиот мобилен телефон, која за 15 миниту дошла на местото. Таткото исто така изјави дека во тој момент во амбулантата чекале 15 сетина пациенти, некој од нив во тешка здраствена состојба.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1