Цивил откри гласачи што не постојат – „живеат“ во стан број 22, а во зградата има само 17 стана


Имиња на адреса „Петар Дељан“ во зградата број 11 во Кисела Вода се запишани во Избирачкиот список за претседателските избори, но жителите на зградата денеска им кажаа на набљудувачите на невладината „Цивил“ дека овие луѓе не се нивни соседи, освен едно име од списокот. Зачудени и дека на наведената адреса се впишани гласачи кои живеат во влез број 5 или 6, а зградата има само два влеза. Сепак, велат, ова не се први избори на кои тоа се случува.

-Па на минатите избори имавме девет влезови, сега помалку, рече соседка.

zgrada_nepostoecki_stanari Набљудувачите на „Цивил“ беа и во другата зграда за која добиле информација дека е впишан гласач кој живее во станот број 22. Сосетките од становите број 16 и 17 зачудени, бидејќи тие се последни на најгорниот кат.

Очигледно има повеќе влезови на хартија и непостоечки гласачи  кои се на Избирачкиот список. Но, тие не се единствени, вели претседателот на невладината „Цивил“ Џабир Дерала, а информациите за други слични сериозни прекршувања ќе ги проверуваат наредните денови.

-Ќе ја информираме Државната изборна Комисија, како и странските набљудувачи  и чекаме разврска на сево ова, рече Дерала.

Во прелиминарниот извештај што го објави оваа домашна набљудувачка мисија констатирани се и други нерегуларности во досегашната кампања. Нивните набљудувачи забележале изборни вработувања во Охрид, индиции за постоење на двојни лични карти на лица кои гласаат и во Скопје и во Свети Николе, како и злоупотреба на јавните ресурси за градежни зафати, но и дека во Велес вработени во јавната администрација предвреме ги напуштале гласачките места за да присуствуваат на партиски митинг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1