Црна смрт: Убива за 4 дена, ја пренесуваат и мачки, телото поцрнува, откажуваат органите


Пол Гејлорд, 61, раскажува во детали за ужасните симптоми на Црната Смрт која почнала да го превзема неговото тело – постепено обојувајќи ги неговите раце црни, откако се заразил со сите три смртоносни форми на епидемијата, по каснување од мачка.

cuma (1)Г-дин Гејлорд, кој живее во Орегон, помина речиси еден месец приклучен на машини кои го одржуваа во живот додека неговото тело се бореше со смртоносната епидемија.Чумата најпрво започнала да ги напаѓа неговите витални органи – предизвикувајќи неговото срце да престане да чука и неговите бели дробови да откажуваат.

Гејлорд се инфицирал во 2013-та година, кога се обидел да тргне глувче од грлото на неговата мачка која почнала да се дави.

Мачката која ја носела чумата во себе го загризала. Во рок од 48 часа почнале да се појавуваат симптомите, наскоро кожата на неговите рацете почнала да се бои сиво и жлездите на неговите дланки да потекуваат до големина на лимон.

crna cuma

Лекарите дискутирале дали да ги исклучат машините кои го одржуваат во живот или не, ден пред тој да се разбуди од кома – кажува, откривајќи колку многу и се доближил на смртта.

Сега, додека ја лекува инфекцијата, дава изјава за Guardian за моментите која ја примил чумата.

“Во еден момент срцето полека престануваше да ми чука, белите дробови почнаа да ми откажуваат.. Технички, јас сега не треба да сум тука. Лекарите ми кажаа дека сум ги развил сите три фази на чума: бубон (најмалку смртоносната фаза на епидемијата, која го инфицира лимфниот систем), пневмоничната фаза (која ги зафаќа белите дробиви и предизвикува нивно откажување) и септикемичната (односно крвотокот). Некои луѓе ја имаат преживеано првата фаза од епидемијата, но сите три не..”

Иако е чудо што преживеал тој останал без сите прсти од левата нога и дел од десната и дел од рацете

Иако чумата генерално се поврзува со средниот век, пред овој случај, жена беше 18-то лице кое се зарази со чумата во Орегон од 1934 година наваму.

Без соодветен третман, чумата убива околу две третини од инфицираните луѓе во рок од 4 дена. Таа предизвикува инфекција која ги убива клетките, што предизвикува гангрена и честопати резултира со амппутација.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1