Ракометарките на Црна Гора славеа во драматичното финале над Норвешка со 34-31 по дури четири продолженија и ја освоија европската титула.
Црногорките на тој начин им се одмаздија на скандинавките за поразот во финалето на олимписките игри во Лондон.
Црна Гора неколку пати беше на прагот од победата, но норвежанките на осум секунди пред крајот на регуларниот дел израмнија и го одведоа натпреварот во продолжение.
Во доплонителните десет минути, црногорките повторно го имаа златото во рацете, но не успеаја во последните две минути да го зачуваат водството од три голови што значеше дека победникот ќе биде одлучен по 80 минути игра.
Тогаш на сцена стапи Булатовиќ која со своите погодоци донесе нова предност за црногорките која овој пат беше недостижна за бранителките на трофејот.
Најдобра во победничкиот тим беше Кнежевиќ со десет голови, Булатовиќ постигна осум, а одлична на голот беше Бајрактаревиќ со 17 одбрани. Во составот на Норвешка, а воедно и на натпреварот, најефикасна беше Алштад со 11 голови.
tip.com.mk