Црвен аларм: Се приближува нова бура, циклон кружи над Балканот


Обилни врнежи пропратени со силен ветер, грмотевици и град од првиот септемвриски ден не го напуштаат Балканот, и целиот регион е зафатен од страшно невреме, пренесуваат медиумите во регионот.

nevreme-beograd-foto-citalac-kurira-1405519630-535975

Од Хидрометеоролошките заводи предупредуваат за уште поголеми временски неприлики. Така што во БиХ е изаден метео-аларм од портокалова фаза, во Хрватска црвен, а во Македонија жолт метео аларм.

Во Црна Гора, во приморскиот град Будва наврна најголемо количество на дожд досега, односно наврнале 135 литри дожд на метар квадратен за само шест часа.

Црвениот метео-аларм во Хрватска е издаден поради циклонот „Симеон“, кој го зафати целиот Јадран, па во Дубровник за неполни 24 часа наврнало повеќе од 190 литри дожд на метар квадратен, што одговара на тримесечни врнежи во есенските месеци од годината.

Стабилизација на времето се очекува од следната недела, а до крајот на неделата Балканот ќе биде под влијание на циклонот, кој кружи над овие земји.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1