Црвени љубовни палачинки


Знајте дека ако на партнерот му подготвите вкусен десерт, во кој ќе внесете многу љубов, е многу подобар подарок од било што купено во продавница. Затоа ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, на кои сигурно нема да остане рамнодушен.

crveni palacinki2Потребно:
3 јајца
250 г.брашно (половина меко, половина остро)
350 мл.млеко
1 дцл.минерална вода
малку сол
2 лажици масло
½ лажица рум
црвена прехрамбена боја


Подготовка:

crvenipalacinki2 Пенесто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, додајте го маслото, па млекото и измешајте.

Со постојано мешање во јајцата додавајте малку по малку од брашното. Додајте прстофат сол и малку рум, колку смесата да добие арома, и да спречи впивање на маслото, на крајот додајте малку прехрамбена црвена боја, додека смесата стане црвена.

Доколку смесата ви се чини дека е густа, разредете ја со минерална вода.

Палачинките печете ги во тава за палачинки на умерена температура.

Откако ќе бидат испечени, можете да ги филувате по желба: пудинг, крем, мармалад, мед, ореви, лешници, бадеми, овошје… Наш предлог е да ја дефинирате романтиката украсувајќи со јагоди и шлаг.

Добар апетит!

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1