Тур де Франс – Пино најбрз на осмата етапа


Младиот француски велосипедист Тибо Пино од Биг Мет тимот, прв ја мина целта на осмата етапа долга 156,5 километри, која се возеше од Белфор до Порентру.

Веднаш зад него со дваесет и шест секунди заостанување се најде минатогодишниот победник Кадел Еванс, додека третото место му припадна на Тони Галопин.
Лидерот во генералниот пласман и се уште носителот на жолтата маичка Бредли Вигинс заврши четврти. Веднаш зад него со заостанување од 10 секунди се наоѓа Кадел Еванс, додека на третото место засега со заостанување од 16 секунди се наоѓа Италијанецот Виченцо Нибали.

Резултати од осмата етапа: Тибо Пино (Франција) 3:56,10 ч., Кадел Еванс (Австралија) +26 сек., Тони Галопин (Франција) +26 сек., Бредли Вигинс (В. Британија) +26 сек., Виченцо Нибали (Италија) +26 сек., Јурген ван ден Броек (Белгија) +26 сек. итн.
Генерален пласман: Бредли Вигинс (В.Британија) 38:17,56 часа; Кадел Еванс Австралија +10 сек., Виченцо Нибали (Италија) +16 сек., Денис Менчов (Русија) +54 сек., Хаимар Зубелдија (Шпанија) +59 сек., Крис Фрум (В. Британија) +1,32 мин. итн.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1